Велика Британија/Ковид-19: Еден од четири лекари во самоизолација или е заразен

22

Директорот на Кралскиот медицински колеџ, Ендру Годар, изјави денеска дека еден од четворица лекари во здравствениот систем на Велика Британија е во самоизолација или е заразен со коронавирусот.

Годар рече дека единиците за интензивна нега во некои болници ја достигнале својот лимит, пренесува Гардијан.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Велика Британија е шокантен и невозможно е да се предвиди кога ќе биде достигнат врвот на епидемијата, изјави денеска министерот Мајкл Гав.

– Длабоко вознемирувачко е да се види бројот на починати од тој вирус, рече Гав на прес-конференција откако бројот на смртни случаи се зголеми за 27 проценти – на 1.789.

Извор:МИА