Веднаш се повлече од должностите во Бакингемската палата:Пријателката на кралицата Елизабета, Леди Сузан Хаси, е обвинетата за расизам

144
Леди Сузан Хаси се повлече од должностите во Бакингемската палата откако упати „неприфатлив“ коментар на неодамна одржаниот прием на кралицата сопруга Камила.
Таа, една гостинките Нгози Фулани, основачка на едно хуманитарно здружение во Велика Британија, инаку црнка, ја испрашуваше за тоа „од каде навистина доаѓа“, и покрај тоа што таа рече дека е Британка.
Лејди Хаси (83) повеќе од 60 години ја беше најлојалната дама на покојната кралица Елизабета Втора, а на функцијата беше назначена по раѓањето на принцот Ендру во 1960 година.
Таа првично беше ангажирана да и помага на кралицата во преписките, но многу брзо стана клучна и доверлива личност во кралското семејство, јавува Би-Би-Си.
Таа и помагаше на кралицата во секојдневните активности и, иако не се појавуваше по име во медиумите, често можеше да се види во позадината на сите важни кралски настани.
аа е и кума на принцот Вилијам и беше единствената личност што ја придружуваше кралицата на погребот на принцот Филип во април 2021 година, имајќи предвид дека на погребот присуствуваа само триесетина луѓе поради мерките против ширењето на корона вирусот.
Во многу чувствителен период за британското кралско семејство, кога по смртта на кралицата Елизабета сите очи беа вперени во кралот Чарлс и неговите односи со неговите синови Вилијам и Хари, палатата брзо се огради од Хаса, а на официјалниот Твитер профил стои дека нејзиното однесување беше „неприфатливо“.