Под силно полициско обезбедување и со по две маски, една за заштита од Ковид 19, а другата василичарска, ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажуваат од скоро 15 вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал.
Фото:Н. Батев
По улиците на Вевчани продефилираа -„бугарски фашистички окупатор“, руската вакцина „Спутник“, служба за дезинфекција, легална продажба на марихуана, мексиканци, пирати, специјалци, беа дел василичарските маски, кои продефилираа низ вевчанските улици.