Русија ќе му испoрача сoфистициран сателит на Иран, со што ќе се подобрат неговите капацитети за шпионажа, објави денеска Вашингтон пост.

– Сателитот Конопус – В, опремен со камера со висока резолуција ќе му овозможи на Иран да ги набљудува локаcиите на своите противници на Блиски Исток, наведува весникот повикувајќи се на неименувани актуелни и поранешни американски и блискоисточни претставници.

Сателитот би можел да биде лансиран во следните месеци од Русија.

Иако сателитот ги нема капацитетите на американските сателити, Иран би можел да го користи за шпионирање. Експертите се загрижени бидејќи Техеран информациите би можел да ги споделува со Јемен, со Ирак и со Либан.

Информацијата е објавена неколку дена пред средбата во Женева (16 јуни) помеѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин.