Васко Форти не е суетен, се сликал со колешките од естрадата

114

Поп-пејачот Васко Форти кој, сега-засега, не е толку активен на македонската естрада, но кој нашата публика добро го памти по неколку впечатливи фестивалски настапи и неколку убави песни, се сретна на една прошетка со своите естрадни колешки, популарните Каролина Гочева и Елена Ристевска. И секако дека Васко кој не пати од суета посакал да се слика со двете музички грации.
– Некој друг да беше на мое место, веројатно со кренат нос би ги заобиколил овие две пејачки, ама јас не сум таков важен тип. Посакав да имам слика за спомен со Гочева и Ристевска, бидејќи не сум ниту арогантен, ниту сум завидлив на туѓите, нивните успеси. Признавам дека тие две се попопуларни од мене, ама никогаш не се знае како на естрадата ќе се сврти тркалото, вели Васко кој е во право штом така размислува. Сега е така, а како ќе биде понатаму ќе покаже времето, кое работи за него под полна пареа. Васко е моментално еден од најуспешните македонски туристички водичи, го обиколи светот, па бидејќи туристите го препознаваат и како пејач, тој многу често и ќе им запее на тие туристички патувања.    Дуле М.