Васил Јанкула во Охрид пред последната етапа на кружната велосипедска тура низ земјава

57

 

Васил Јанкула, момчето од Ресен кое боледува од церебрална парализа, попладнево на својот трицикл пристигна во Охрид, како попатна станица од неговата кружна трка низ Македонија.

Пред собраните граѓани кои со аплауз го поздравија неговиот подвиг, тој истакна дека неговата намера е да ги мотивира сите луѓе да спортуваат и да негуваат здрави навики.

– Сакам да ги мотивирам сите лица да спортуваат. Оние кои имаат некој хендикеп нека го користат во позитвна смисла. Без оглед на временските услови јас не се откажав. Сакав да докажам дека „Сите сме исти“ и дека не треба да се гледа на лицата со хендикеп со други очи, изјави Јанкула.

Со својот трицикл тој планира да помине над 900 км. за 7 дена од Ресен, преку Битола, Прилеп, Градско, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица повторно да се врати дома. 

Неговата следна станица е Велес, а во недела ќе биде во Скопје каде ги повикува да го поддржат сите љубиители на велосипедизмот.