
Предводникот на Хрватска, Златко Далиќ, откри дека не е ни малку импресиониран од видео технологијата која е попозната како ВАР.
- Јас никогаш не го коментирам судењето, но морам да ви кажам дека на дуелот против Белгија бев многу лут. Не добивме пенал поради еден сантиметар, а тој сантиметар ви ја уништува и емоцијата. Хрватска поради ВАР ја загуби светската титула. Тоа боли. Ако се судеше тогаш како што се судеше денес, тогаш ќе немаше пенал за Франција, изјави селекторот на Хрватска.