ВАР работи само за еден клуб

60

Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, е убеден дека вечниот ривал, тимот на Реал (М) има голема помош во ВАР-технологијата кога е во прашање борбата за шампионската титула во шпанската Примера дивизион.

И на последниот првенствен натпревар „кралскиот клуб“ дојде до трите бода благодарение на сомнителниот пенал кој што беше досуден во 73 минута од натпреварот против домашниот тим на Атлетик од Билбао.

Судиите на последните пет првенствени натпревари досудија пет пенали во корист на Реал (М), а таквата веќе традиција му засмета на Бартомеу кој исто така како и шпанската јавност, смета дека судијата морал да досуди пенал за Атлетик после стартот на Серхио Рамос врз Гарсија.

И покрај очигледниот прекршок кој го направи капитенот на „кралскиот клуб“, немаше никаква интервенција од ВАР-собата.

  • ВАР не работи фер за сите шпански клубови. Секогаш работи само за еден клуб, изјави Бартомеу.

До крајот на актуелната сезона во шпанската Примера дивизион има уште четри кола, а Реал (М) има четри бода предност пред второпласираниот тим на Барселона.