Ракометарите на Вардар на две кола до крајот на сезоната во Суперлига ја освоија 13 – тата шампионска титула во домашното првенство. Тие во мечот во кој го загарантираа првото место на табелата, славеа над екипата на Еурофарм Работник со 36:29.

„Црвено – црните“ целосно го надиграа второпласираниот тим на табелата и на крајот сосема заслужено дојдоа до победата. Најефикасен во победничкиот тим беше крилото Тимур Дибиров со десет гола, додека на спротивната страна Филип Кузмановски постигна осум погодоци.

На две комплетни кола до крајот на сезоната, Вардар има 24 бода, шест повеќе од Еурофарм.

ФОТО: Петар Стојановски