Македонскиот и европски ракометен шампион, тимот на Вардар ги почна подготовките за наредната сезона. Тренерот на тимот Стевче Алушовски во изминатите два месеци доби солиден тим со кој би требало да биде конкурентен во Лигата на шампионите, СЕХА лига и домапшниот шампионат.

На првата прозивка го немаше само хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ, додека сите нови засилувања се појавија на првата прозивка. Дресот на Вардар во новата сезона ќе го носат: Робин Кантегрел, Филип Талески, Анте Гаџа, Ловро Јотиќ, Томислав Јагуриновски, Јосип Векиќ, Марко Вујин, Гоце Георгиевски и Патрик Валчак.

Првиот собир „црвено – црните“ го направија на отоврено, поточно на фудбалскиот терен до СЦ „Јане Сандански“, поради мерките за заштита од коронавирусот.

Фото: П. Стојановски