Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на СЕХА лигата

26

Екипата на Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата откако вечерва ја совлада Војводина на гости со 33:35 (20:16).

Нашот тим иако губеше по првиот дел со -4, покажа одлична игра во последните петнаесетина минути и стигна дозаслужен триумф.

На две кола до крај на регуларниот дел, „црвено-црните” си обезбедија место во Топ-8 фазата.

Тимур Дибиров со 11 и Павел Атман со 10 гола беа најефикасни во вечерашната победа на вардарци. Кај Војводина, Грозданиќ запиша 11 гола.