Free Porn
xbporn
Дома РАКОМЕТ Вардар поуспешен во дербито со Алкалоид

Вардар поуспешен во дербито со Алкалоид

99

Дербито на 5. коло во Суперлигата одиграно во салата „Автокоманда“ беше решено уште по првото полувреме кое Вардар го доби со 16:8.

Вторите 30 минути црвено-црните ги одиграа рутинирано и не му дозволија на домашниот тим да се доближи на помалку од четири гола.

Најефикасен на натпреварот беше Мартин Серафимов со осум голови, од нив седум постигнати од пенал. Во победничкиот тим голманот Мартин Томовски имаше 14 одбрани, најефикасен беше крилото Срдановиќ со седум погодоци.

На табелата лидер е Еурофарм Пелистер со 17 бодови, Охрид има 14, Вардар и Алкалоид по 12, Тиквеш 10, Бутел 4, Пролет 3, Струга е последна без освоен бод.