Вардар осми фаворит за титулата во ЛШ

38

По долга пауза најдобрите ракометни клубови во Европа се вратија во акција. По тој повод Европската ракометна федерација (ЕХФ), земајки ги предвид сите подготвителни натпревари и мечевите од националните лиги на учесниците во најквалитетно клупско ракометно натпреварување направи листа на десетте фаворити за осовјување на трофејот во елитното натпреварување.

Се уште актуелниот европскиот шампион Вардар на оваа листа е рангиран на осмото место. Ваквиот ранг фдонекаде е оправдан, бидејќи „црврно – црните“ претрпеа многу измени во изминатите неколку месеци, а згора на се и се промени сопственикот на клубот.

  • Десет играли си заминаа од Вардар, деветмина нови пристигнаа, што значи дека тренерот Стевче Алушовски ќе има полни раце работа. Марко Вујин и Борко Ристовски ќе донесат искуство што е многу значајно, се вели во мини-анализата на ЕХФ за Вардар.

Прв фаворит за освојување на титулата во ЛШ, во новата сезона е унгарскиот Веспрем, кој се уште сонува за првата европска круна.

  • Четири официјални натпревари, четири победи и веќецеден трофеј во торба. Веспрем не можеше да ја започне подобро сезоната. Со Петар Ненадиќ во врвна ворма, унграскиот тим не остава ништо на случајност. Го победи Вардар во финалето на СЕХА лига со 35:27, само два дена откао во полуфиналето го совлада Мешков Брест. Шпанските интернационалци Хорхе Македа и Родриго Коралес се во најдобра форма, што дава надеж дека Веспрем сезонава ќе биде шампион, се вели во анализата на ЕХФ.

Втор фаворит за титулата е Барселона, а потоа следат: Кил, ПСЖ, Киелце, Пик Сегед и Порто, Нант и Брест Мешков, кој синоќа ги одмери силите со Вардар во првото коло од новата сезона во Лигата на Шампионите.