Македонскиот ракометен шампион Вардар, е на една победа до остварување на целт, осовјување на титулата во Суперлигата, откако во претпоследното коло победија на гости кај Тинекс Пролет со 28:22.

Иван Чупиќ беше најдобар поединец во тимот на Вардар, а и на натпреварот со осум погодоци, а Георгиевски постигна седум гола, додека кај Пролет со пет погодици најдобар беше Михаил Аларов.

Металург во директен дуел за место во Европа славеше над тимот на Бутел Скопје со 36:35, и затоа поранешниот македонски шампион си обезбеди место во Европската лига за наредната сезона.

Најдобри поединци во тимот на Металург беа Златко Хорват и Василије Калуѓеровиќ со по десет постигнати гола. Кај Бутел, Мојсоски беше стрелец на девет гола, а Мајиќ даде осум, сите во второто полувреме.