Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа српски Партизан со 31-26 (16-14), во рамките на второто коло на групната фаза во СЕХА лигата. Дејан Манасков и Филип Талески одново диригираа, па во одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, тимот од Белград претрпе пораз.
Вреди да се напомене и одличната поддршка од страна на навивачката група „Комити“ која беше во завидна бројка, како во најсилните денови на двократниот европски првак.
Македонските репрезентативци доминираа и го водеа Вардар до победата. Филип Талески го заврши мечот со девет реализации, додека Дејан Манасков со гол помалку, а блесна и Столе Стоилов со седум погодоци.