Ракометарите на Вардар го освоија првиот трофеј во новата сезона, откако во Суперкупот го победија тимот на Металург со 26:24. Металург лани приреди сензација со победата над „црвено – црбите“ во Купот на Македонија, но годинава немаше сили за ништо слично. Вардарци доминираа цел натпревар и заслужено дојдоа до посакуваниот пехар, како увертира за првиот домашен меч во ЛШ против екипата на Порто.

-Секој трофеј е добредојден. Секогаш сме среќни кога освојуваме нешто во овој дрес. Ние сме фокусирани сега на претстојниот натпревар против Порто. Успеавме да ротираме, за нас беше важно да победиме, а притоа и да одмориме. Не знам дали овој меч изгледаше убаво, тоа може да го кажат гледачите, ама најважно ни беше да победиме. Добро е што почнавме со трофеј, сакаме да ја завршиме сезоната исто. Со новиот тренер играме се подобро, но потребно е уште малку време за да бидеме уште подобри, изјави левото крило на евроскиот шампион Тимур Дибиров.

Дека Вардар бил подобар во овој натпревар потврди и бекот на тимот од Автокоманда, Марио Танковски

-Нашиот состав е многу поразличен за разлика од лани и со новиот тренер имаме и нов систем на работа на кој треба да се навикнеме. Мечот ќе беше друг, да не правевме глупави грешки, изјави Танковски