Македонскиот ракометен шампион Вардар го доби првиотод четирите дербидуели во Суперлигата со тимот на Еурофарм Пелистер. „Црвено – црнте“ на домашен терен славеа над битолскиот тим со 29:25.

Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ се одлепија пред крајот на првото полувреме, имаа голема предност, а иако се „коцкаа“ на крајот успеаја да победат во дерби дуеот на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“

Тимур Дибиров беше најефикасен во победничкиот тим со десет гола, одличен беше и Талески со пет, колку што дадоа Мандалиниќ и Кушан во редовите на пелистерци.

Фото: П. Стојановски