Варан побара да биде продаден

134

Близок извор до таборот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), откри дека францускиот интернационалец, Рафаел Варан, сериозно размислува за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Иако има одлична соработка со старо-новиот тренер на “кралскиот клуб”, Зинедин Зидан, централниот дефанзивец открил дека има потреба од нов предизвик во фудбалската кариера.

Ваквата информација со радост беше прифатена од челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кои не кријат дека се сериозно заинтересирани за услугите на Французинот.