Варан достапен за Јунајтед

5106

Шпанскиот гигант Реал (М) планира да стави крај на соработката со францускиот интернационалец Рафаел Варан. Централниот дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до 2022 година и поради таквата ситуација, клупските челници сакаат да го продадат за време на летниот преоден рок. Репрезентативецот на Франција е проценет на 50 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Манчестер Јунајтед.