Ван де Бек е наследник на Погба

45

Дони ван де Бек ќе го замени Пол Погба во Манчестер Јунајтед, информираа таблоидите на Островот. Според клупските челници, холандскиот интернационалец е идеално решение кога е во прашање фудбалерот кој треба да го замени репрезентативецот на Франција.

Дваесет и три-годишниот играч од средниот ред има одлична сезона во дресот на холандскиот гигант Ајакс во кој на 37 натпревари постигна 10 погодоци и запиша 11 асистенции. Голем интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Реал (М) и Јувентус.