Колку заради фудбалот, толку луѓе и заради Кинси Волански се сеќаваат на финалето во Лигата на шампионите од 2019 година, кога тимот на Ливерпул стана европски шампион во Мадрид.

Имено, за време на натпреварот 22-годишната Американка со бујни гради и руса коса, скудно облечена, „прелета“ низ теренот, а тоа и донесе светска слава.

Две години подоцна, Кинси Волански е една од најпопуларните девојки на Инстаграм, каде што продолжува да објавува провокативни содржини, па дури и фотографии од неа на кои е целосно гола, нешто слично како што беше на стадионот „Ванда Метрополитано“.