Ванда збесна поради една порака

174

Веќе неколку дена, главна тема во фудбалските медиуми е љубовната сапуница помеѓу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и неговата споруга, Ванда Нара. Во саботата, атрактивната блондинка на својот инстаграм профил напиша дека Мауро има љубовна афера со друга девојка.

  • Уште една фамилија која е уништена поради ку*рва, напиша Ванда, но неколку минути подоцна ја избриша пораката, која сепак беше забележана од сите познати фудбалски портали.

Аргентинските медиуми пишуваат дека девојката со која Икарди и „набил рогови“ на Ванда, е 29-годишната Еугенија Чина Суарез, кој важи за позната аргентинска глумица.

Раководните лица на францускиот гигант веднаш му дадоа неколку слободни денови на Икарди кој се упати кон Милано со цел да го реши проблемот кој го има со својата сопруга. Сепак, аргентинските медиуми се прашуваат дали навистина напаѓачот имал нешто со прекрасната глумица. Истите медиуми го објавија разговорот помеѓу фудбалерот на ПСЖ и Аргентинката.

  • Би сакала да ве запознаам во некој бар, во некој дел од светот каде што никој не ве познава, била пораката која Суарез му ја испратила на Икарди.

„Точно дека имаше неколку пораки, но нема ништо сериозно. Тие двајца не остварија личен контакт. Мауро и Ванда ќе останат заедно“, откри еден неименуван извор кој добро е упатен во целата ситуација.

Само за потцетување, Ванда и Мауро ја започнаа својата врска во 2013 година, во времето кога Икарди го носеше дресот на Сампдорија и кога играше покрај поранешниот сопруг на атрактивната блондинка, Макси Лопез. Иако Икарди беше во одлични односи со Макси, тоа не го спречи да му ја украде сопругата на тимскиот колега кој изјави дека Мауро го доживува како свој помлад брат. После неколку месеци, Макси и Ванда ставија крај на бракот, а на почетокот од 2014 година, Ванда се омажи за Икарди со кого има и две ќерки.