Валиева конечно проговори после хоророт во Пекинг

239

Руската лизгачка Камила Валиева (15) доживеа се и сешто на Зимските олимписки игри во Пекинг, од ѕвездени моменти по брилијантниот настап и златниот медал во екипното лизгање, па се до стресната ситуација која ќе се памети заасекогаш во светот на олимпизмот.

Среде натпреварување, а ден откако го воодушеви светот, Русинката дозна дека нејзиниот примерок од крв, земен на крајот на декември, имал присуство на недозволена супстанца или со други зборови – допинг.

Следеа денови на неизвесност, стана тема број еден, имаше голем број анализи, обвинувања, поддршка до одлуката на Судот за спортска арбитража да и дозволи учество во поединечното натпреварување, а истрагата и судскиот процес против неа се уште се во тек.

Камила падна под силниот притисок, остана без медалот што го заслужи поради својот талент и умешност. Таа молчеше, тренираше, плачеше, но овој пат се јави преку социјалните мрежи со емотивна порака. Им се заблагодари на тренерите Етери Тутбериџе, Сергеј Дудаков и Данило Глејенгауз, кои, како што напиша, ја доведоа до „најважниот настан во животот на спортистот“.

  • Вие сте апсолутни шампиони во својата област. И не само што тренирате, туку и учите да се надминете себеси, што помага не само во спортот, туку и во животот. Со вас покрај мене се чувствувам заштитена и способна да го поминам секој тест. Ви благодарам што ми помогнавте да бидам силна, напиша Валиева.

Претседателот на ИОК Томас Бах го критикуваше „ладниот однос“ на тренерите кон Валиева по нејзиниот настап во поединечна конкуренција.

Тинејџерската сензација се заблагодари на сите, без исклучок, кои биле покрај неа во оваа тешка ситуација.

  • Големо благодарам на оние кои беа навистина таму и не ми дозволија да се загубам целосно во овој турбулентен период, кои ми пишуваа пораки за поддршка, кои мислеа на мене, кои се молеа, кои веруваа во мене. Им благодарам на моите навивачи, на моето семејство и пријатели, на целиот руски тим, на мојата земја и на луѓето од целиот свет. Засекогаш ќе ви бидам благодарна! Ќе го паметам ова и ќе лизгам за вас, напиша Валиева.