Валери Триревеилер заминува од „Пари Мач“

30

Новинарката Валери Триревеилер му се заблагодари за соработката на Херве Гаттењо, извршниот директор на „Пари меч“.

Поранешната невенчана сопруга на Франсоа Оланд, со која влезе во Елисејската палата не е единствената што ќе го напушти неделникот, јави дописникот на МИА.

Триревеилер е една од главните пера во „Пари Мач“, каде што работеше од 1989 година, прво во политичката редакција, а потоа бешезадолжена за литературата. Во исто време, таа имаше и телевизиска кариера на телевизијата Директ 8, каде беше водителка на неделното шоу Гран 8.

На пошироката француска публика таа и стана позната како сопатничка на Оланд во Елисејската палата, се до нејзиното скандалозно заминување, откако беше откриено дека тогашниот претседател на Франција е во врска со глумицата Жули Гаје.