Важно откритие: Стапки стари 23.000 години откриени во пустина во Ново Мексико

96

Отпечатоци од стапала стари 23.000 години се откриени во Соединетите американски држави, што покажува дека луѓето се населиле во Северна Америка долго пред крајот на последното ледено доба.

Ова откритие за илјадници години го смени времето кога првите жители го населиле континентот .

Отпечатоците се оставени во кал на брегот на долго исушено езеро, кое сега е дел од пустината во Ново Мексико.

Седиментот ги наполни вдлабнатини создадени од стапалата и се стврднаа во карпата, заштитувајќи ги доказите за нашите предци и давајќи им на научниците детален увид во нивните животи.

-Најверојатно многу од отепечатоците им припаѓаат на тинејџери и на деца. Отпечатоци од возрасни се поретки, пишуваат авторите на студијата објавена во американското списание „Science“.