Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.
Таа одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.
-Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат, рече Агелер.
Кабинетот на претседателот на Парламентот вчера информира дека законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера дециден дека законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“.