Дневните светла од денеска веќе не се задолжителни за возачите на автомобили во Хрватска.
Во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот, долгото или средното светло на моторните возила не мора да бидат вклучени освен ноќе и во случај на намалена видливост во текот на денот.
За потсетување, Законот за безбедност во сообраќајот во Хрватска предвидува фиксен период од 1 ноември до 31 март, во кој кај моторните возила мора да бидат вклучени дневните или куси светла дневните светла.
Возачите на мопеди и мотоцикли, сепак, мора да ги имаат светлата запалени во текот на целата година, додека возачите на велосипеди мора да ги имаат светлата запалени од самрак до зори.
– Заради подобра видливост, возачите на моторни возила можат да возат со вклучени светла и во текот на денот за време на летното сметање на времето – објавија хрватските медиуми.
Во случај на непочитување на одредбите за задолжителна употреба на светла на возила во услови на намалена видливост или ноќе, се пропишува казна од околу 70 евра.