Буџетот на општина Дебар за следната година 341,5 милиони денари

92

Советот на општина Дебар, на денешната седница, едноглано го усвои Предлог-буџетот на општината за 2019 година, кој е проектиран на 341 милион и 504 илјади денари и споредено со годинешниот е „потежок“ за 10 отсто или 23,8 милиони денари споредено со буџетот за оваа година.

-Во делот на приходите кај ставката основен буџет планирани се 142,9 милони денари, дотации 171,9 милиони, самофинансирани активности 16,2 и донации 10,4 милиони денари. Кога станува збор за расходите тие се планирани на 341 милион и 504 илјади денари, кои се насочени за плати и други потреби на администрацијата, образовните институци, Територијалната противпожарна единица, додека кај ставката резерва одвоени се 400 илјади денари, изјави Ќазим Ќормемети, раководител на секторот за финансии.

Советниците ја усвоија и одлуката за извршување на Буџетот како и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година.

Предлог-буџетот на дневен ред беше на петочната седница на Советот, но распределбата на средствата добиени од Владата за подмирување на долговите на општина Дебар, ги скара советниците од ДУИ и Алијансата за Албанците, па по предлог на советничката група на ДУИ за овој значаен документ беше одлучено да се распарава денеска,со цел да направат анализа на предлогот.

Буџетот денеска беше усвоен без дискусија, по образолежнието на советникот на ДУИ Фуат Спахиу, дека по темелната анализа на предлог-буџетот се согласуваат истиот да биде усвоен.

Вршителот на должноста, градоначалник Еуген Цами им се заблагодари на советниците за изгласувањето на буџетот, обврзувајќи се дека средствата ќе бидат насочени во потребната насока во интерес на сите.

Тој упати новогодшна честитка до советниците и до сите граѓани со желба за добро здравје, среќа и продолжување на соживотот по кој е препознатливо ова подрачје.