Бучковски:За една седмица се направи повеќе одошто за една година

42
Поранешниот специјален преговарач со Софија Владимир Бучковски во емисијата 24 анализа изјави дека новите преговори меѓу Македонија и Бугарија ќе водат кон придвижување и кон враќање на довербата и ќе треба да почекаме да почнат со работа работните групи.

– Идеален рок за првите очекувања ќе бидат во првите трите месеци, за мене е важно кој се ќе влезе во тие групи. Проблемите не се само политички, двете општества се реално оддалечени еден од друг многу повеќе отколку пред година ипол. За една недела се направи многу повеќе одошто за една година. Во Бугарија има една критичка јавност која не е превладувачка, но која прави реални анализи. Доминира повеќе говорот на омраза кај бугарските политичари. – рече Бучковски.