Буфон ќе брани уште неколку месеци

9

Раководните лица и најверните фанови на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, останаа во шок откако ја слушнаа последната изјава на легендарниот капитен Џанлуиџи Буфон. Популарниот Џиџи откри дека на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на својата богата голманска кариера.

Репрезентативецот на Италија освои се што можеше да освои на домашната сцена, во 2006 година ја освои светската титула, но никогаш не го подигна пехарот во Лигата на шампиони.

  • Оваа сезона е последна за мене и сигурен сум дека го правам вистинскиот потег. Една или две години повеќе на голот, нема да сменат ништо што досега не сум го постигнал, изјави Буфон.

“Старата дама” како наследник на Буфон во моментов го има полскиот интернационалец Војчех Шчешни.