Буфон си најде нов клуб

143

Португалскиот гигант Порто е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон. Пред неколку дена поранешниот капитен на Јувентус стави крај на соработката со старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, но потврди дека не планира да стави крај на својата богата кариера.

Буфон има статус на слободен играч, а интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на каталонскиот гигант Барселона кои во него гледаат замена за Јеспер Силесен.