Будуќност и зема мерка на Ц. Звезда, Антиќ исклучен

20

Црногорскиот кошаркарски клуб, Будуќност, приреди огромно изненадување во рамките од четвртото коло од АБА лигата, откако на гостински терен ја совлада екипата на Црвена звезда 79:75.

Македонскиот нтернационалец, Перо Антиќ, по лошо ќе го памети овој меч, бидејќи на стартот од последната четвртина беше исклучен поради неспортски прекршок да спречи контранапад. Претходно маше добиено и обострана техничка грешка со еден гостинки кошаркар.

Црвена звезда беше подобар противник во првото полувреме, но потоа Будуќност со серија прецизни шутеви од далечина го сврте резултатот во своја полза.

Поранешниот капитен на Македонија го заврши натпреварот со скромни три поени и два скока, додека најефикасен кај неговите соиграчи беше Рочести со 23 поени. На спротивната страна Гордиќ постигна 17 коша, додека Николиќ и Гибсон запишаа по 13 поени.