По Алисон Пино, тимот на Будуќност од Подгорица доби уште едно засилување во името на Бразилката, Барбара Аренхарт. Голманката позираше со дресот со број 12, кој ќе го носи во наредните две сезони.

-Будуќност е клуб кој е познат низ целиот свет и чест ми е што станав дел од таков клуб, чиј дрес ќе го носам наредните две сезони. Со нетрпение очекувам да ги запознаам сите девојки и да започнам соработка, за да постигнеме одлични резултати. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што се пред нас, рече Аренхарт, кој доаѓа во редовите на двократниот европски шампион од Вац од Унгарија.

Покрај Пино и Аренхарт, засилувања на Будуќност за следната сезона се и репрезентативката на Србија, Андреа Лекиќ и младата Русинка Валерија Маслова.