Нови парламентарни избори се се поизвесни во Бугарија и според локалните медиуми, се разгледуваат три опции за датумот на предвременото гласање за нови парламентарци откако партијата БСП, според најавите, ќе го врати мандатот за состав на влада откако ќе го добие утре.

Бугарскиотпретседтаел Румен Радев утре свикува консултации за новата ЦИК, која ќе биде предложена од парламентот, но именувана со неговиот декрет.

Според последните измени и дополнувања на Изборниот законик, таа ќе се состои од 15 лица предложени од парламентарни партии.

ГЕРБ ќе има четири претставници, „Има таков народ“ – тројца и БСП – тројца, ДПС – двајца, „Демократска Бугарија“ – исто така двајца, „Исправи се! Мафијата надвор” – еден.

ЦИК се назначува со декрет на претседателот Радев.

Се очекува дека в петок, 7 мај, Румен Радев ќе издаде указ за распуштање на Националното собрание и одредување датум за избори. Ако тоа се случи, истиот ден, со втор декрет, Радев мора да ја назначи привремената влада.

За премиер бугарските медиуми споменуваат две имиња – претседателските советници ген. Стефан Јанев, кој беше вицепремиер и министер за одбрана во првиот кабинет на Радев и Бојко Рашков, правен советник на претседателот.

Најмногу коментирани датуми за предвремено гласање се 4 или 11 јули. Но, многумина веруваат дека Радев ќе брза да ги задржи парламентарните избори подалеку од претседателските. И тој може да избере уште порано датум – 27 јуни, јавија бугарски медиуми.

„Очекувам БСП в среда да предложи кандидат кој ќе го врати мандатот што им е даден“, изјави за Нова ТВ, Наталија Киселова, професор по Уставно право.

Доколку претседателот го распушти парламентот оваа недела, на 5 или 7 мај, уставот наведува дека нови избори ќе се одржат најдоцна два месеци по завршувањето на неговиот мандат. Така, датумот 4 јули за предвремено гласање станува целосно можен.

Според Киселова, постапките на шефот на државата ќе бидат диктирани од постапките за назначување на новата Централна изборна комисија, односно – ќе има парламент додека не се назначи новата ЦИК, па да преминеме на датрумот 11 јули.

По вторпат во неговиот петгодишен мандат, претседателот Радев ќе назначи влада, макар и службено.