Бугарските пејачи со искрена почит кон македонскиот музички ангел Тоше Проески – Источниот сосед со емотивни зборови

1954

И покрај тоа што македонските и бугарските политичари и историчари никако не можат да најдат заеднички јазик, кај пејачите тоа е нешто сосема друго. Особено кога станува збор за славниот и никогаш прежален – нашиот Тоше.
Деновиве по повод 14 години од неговото загинување, имаше голем број емотивни статуси, пораки и текстови за Тоше Проески, кај источниот сосед.                                Добар дел од бугарските музичари не ја кријат својата тага, туку напротив отворено констатираат дека Македонија веројатно нема да има пак таков пејач.
Па, така популарната бугарска пејачка Роксана емотивно изјави дека ова се 14 тажни години без него и неговиот глас.                                                                              – Тешко се издржува без него. Секогаш кога некој ќе ми спомне некоја негова песна, ми доаѓа да заплачам. Емоции се во прашање по човек на кој целиот Балкан му се восхитува, со нежност во гласот, објасни згодната Роксана.
И пејачката Јаница има слично мислење за ангелот Тоше:
-Кога станува збор за омилена македонска песна, веднаш се сеќавам на еден одличен пејач кој за жал не е повеќе помеѓу живите, а тоа е Тоше Проески. Имам многу, многу омилени негови песни. Тие песни ми останаа во срцето.
Пејачката Бони исто така со наплив на емоции зборува за Тоше: -Тоше Проески, почивај во мир. Ти беше многу добар човек и пејач!
Музичката ѕвезда на бугарската телевизија “Планета“ Кирил Атанасов не го заборава својот македонски колега и другар:
-За мене има еден глас, а тој глас е на Тоше, еден од најдобрите светски гласови. Жално е што загина, денес ќе беше вистинска светска музичка ѕвезда. Сепак, неговите песни ќе останат вечни, бидејќи тој остави длабока трага во музиката. (Д.М.)