Бугарските истражни органи ги отфрлаат шпекулациите за туби со гориво и експлозија во автобусот

95

Бугарските истражни органи категорично ги отфрлаат шпекулациите дека во изгорениот автобус било превезувано бензин или нафта, нагласи на денешната прес конференција бугарскиот обвинител, Борислав Сарафов. Звукот што дел од сведоците го сметаат за експлозија било нешто сосема друго, вели Сарафов.

Разгледани се, но категорично се отфрлени, рече Сарафов, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

– Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.