Бугарскиот премиер во вторник во посета на Македонија

19

Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во официјална посета на Скопје, Република Северна Македонија.

Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин.

Пеков требаше претходно да допатува во посета на Северна Македонија, но таа беше одложена откако нему, и на претседателот Румен Радев, им беше наложена задолжителна изолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Карантинот му беше укинат откако достави негативен ПЦР тест.