Бугарската вселенска храна барана на странските пазари

87

Космичката храна или таканаречената лиофилизирана храна, какво и да е нејзиното научно име, почива на технологија заснована на чисто физички закон – сублимација, во која замрзната влага се ослободува под влијание на вакуум и таа преминува директно во гасовита состојба, прескокнувајќи ја течната.  Ова во „Интервју за Блумберг ТВ Бугарија“ го коментира проф. Илиана Начева, Институт за криобиологија при Економската академија, јави дописникот на МИА од Софија.

– Бугарската вселенска храна е оригинална технологија развиена од академик Цветан Цветков во 70-тите години на 20 век и е навистина многу интересен феномен за нашата земја, бидејќи првата група на таканаречени бугарски вселенски прехранбени производи е развиена со употреба на оваа технологија или бугарско вселенско мени, појаснува Начева.

Проф. Начева коментира дека принципот на производство е следниот: првично производите се замрзнуваат на ниски температури до -40С, по што влагата се отстранува под вакуум и постепено температурата се зголемува до + 35С.

Извор:МИА