Бугарската барбика најави дека се подготвува за нови корекции

455

Андреа Иванова, 26-годишната дама од Софија позната по прекарот бугарска Барби, девојка која медиумите често ја опишуваат како девојката со најголемите усни на светот, во понеделникот објави нови фотографии.

Овој пат таа од кревет ги контактираше своите следбеници на социјалните мрежи, а сликите од нејзиното лице, како и секогаш кога Андреа ќе објави нешто, предизвикаа спротивставени реакции – од восхит до згрозување.

Минатиот јули, Андреа беше принудена да отвори нов профил на Инстаграм, а нејзината „сликовна временска машина“ досега привлече повеќе од 30.000 љубопитни луѓе.

Бугарската Барби до денес си инјектирала повеќе од 30 инјекции полни со хијалуронска киселина, а порталот „Сан“ пред некој ден објави дека таа сега планира да вбризга филери на двете страни од носот за да го изедначи лицето и да ја зачува младешкиот изглед.

Тоа ќе го направи и покрај противењето на лекарите кои ја предупредија дека си игра со животот.

Андреа до денес потрошила повеќе од 23 илјади евра на своите огромни усни, а сега ќе вложи дополнителни 500 евра на филери околу носот бидејќи забележала дека почнале да се појавуваат брчки на тој дел.

„Таму има синуси, исто како и многу крвни садови. Доколку дојде до блокирање, може да ми го загрози животот“, рекла Андреа покажувајќи дека е свесна во што навлегува.

Андреа ја започна својата шокантна трансформација во 2018 година, а некои фотографии од минатото кои сè уште ги чува на Фејсбук сведочат дека пред првите корекции била многу слатка девојка.