Бугарката Андреа бомбардира со “страхотни сликички“

209

Бугарската пејачка Андреа, за која велат дека е популарна во источниот дел од Македонија, а не само дома во Бугарија, деновиве буквално го бомбардира Инстаграм со своите многу жешки фотки од морето. Таа по скандалозната разделба со боксерот Кубрат Пулев, целосно се препуштила на провокациите. Веројатно за да го направи љубоморен Кубрат, објавувува “страхотни сликички“ со кои и самата „страхотно“ се забавува.

Контроверзната Андреа не е на Црно Море во Бугарија, туку сега се одмара на плажите во Италија, а деновиве заминува на Кипар. Овие слики кои Андреа ги објави се само мал дел од целата фотосесија која таа ја направила со најдобрите фотографии порачувајќи им на сите дека вистинскиот празник за нашите очи, допрва доаѓа. Во ред е Андреа, ќе чекаме нестрпливо, само не претерувај. Доста е и вака, дај сега нешто од песните, некој најнов хит. Сепак, пејачка си, пред сè!