Македонија ќе добие 51.480 дози вакцини „Фајзер“ од страна на Бугарија. Тоа е одлука на владата на оваа земја, а тоа треба да биде ратификувано во Собранието. Македонија ќе ги покрие трошоците за испорака на вакцините согласно договорот со Бугарија и со произведувачот „Фајзер“ и „Бионтек“.
Бугарија последна во ЕУ почна со вакцинација, а има само 20% вакцинирани граѓани со двете дози. 21,8% Бугари имаат примено една доза, а од 5,14 милиони испорачани вакцини, повеќе од 2,8 милиони не се аплицирани.
Во Македонија до вчера целосно се имунизирани 539.037 жители.
Од денеска, Македонија се наоѓа на „црвената листа“ на Бугарија според ризикот од зараза со коронавирус заедно со уште неколку други земји.