Брутално крвав видео спот за новата песна на Еминем “Framed”

30

Ненадминливиот рапер Еминем или Маршал Метерс објави нова песна под името “Framed” која ги оживува неговите хитови како “97 Bonnie & Clyde”. Песната “Framed” е една од најдобрите оствaрувањa од албумот на Еминем, “Revival”. Меѓутоа, тоа сепак не е она што го очекуваа неговите фанови.

Повратничкиот албум и новите 19 песни не успеале да ги воодушеват фановите на американскиот рапер. Имено, многумина го критикувале за тоа колку површно им пристапил на песните кои воопшто не наликуваат на оние со кои изгради успешна кариера.

Според музичките критичари, Еминем снимил премногу песни со познати пејачи и пејачки како и тоа дека потфрлил со продуцирањето на истиот албум. Во целиот албум како и во песната “Framed” тој пее за неверството, гневот, семејството и американскиот претседател Доналд Трамп.

И покрај негативните критики Еминем успеа да го продаде “Revival” во милиони примероци.

“Framed” доби и видео запис кој прилично е многу брутален. Во спотот глуми пациент кој откако ќе побегне од болницата завршува во една куќа, опкружен со жртви и крв. Спотот завршува така што полицијата го враќа Еминем во болница, а докторите му ставаат инекција во стомак со непозната супстанца.