На помалку од една недела пре стартот на новата сезона во НБА лигата, еден од најдобрите кошаркари во светот, Кари Ирвинг, е исфрлен од тимот на Бруклин. Причина за тоа е што одби да се вакцинира против коронавирус пред подготвителниот натпревар со Милвоки.

Исто така, бекот на Нетс нема да може да тренира со тимот и да игра во претстојната НБА сезона додека не се вакцинира.

  • По внимателно разгледување, одлучивме дека Ирвинг нема да тренира со тимот, ниту ќе игра за Бруклин. Тој донесе лична одлука и ние го почитуваме неговото право да ја избере својата иднина, се вели во соопштението на Нетс.

Поради прописите на државата Њујорк, кошаркарот на Бруклин не би можел да игра на натпртеварите за својот клуб што Нетс ги играат во своја сала.

  • Неговиот избор го ограничува да биде постојано дел од тимот и нема да дозволиме ниту еден од нашите членови да учествува со скратено работно време. Неопходно е да градиме хемија како тим и да останеме верни на нашите вредности на заедништво. Нашите цели не се променети и тие ќе одат во иста насока, објави клубот од Њу Џерси.

Тимот на Бруклин воедон ја отвара новата сезона во НБА лигата, а во рамки на 1. коло ќе гостува кај актуелниот шампион Милвоки.