Бројот на спорови решени со медијација се зголемува, но се уште е потребно да се работи на нејзина афирмација

33

Медијацијата им заштедува и пари и време на граѓаните и компаниите, избегнувајќи долги и скапи судски спорови, а нуди и доверливост на постапката што е особено корисно за трговските и семејни спорови. Додека во западните земји таа е ефикасен начин за надминување на споровите со постигнување на взаемно прифатливо решение за двете страни, кај на се уште е потребно да се работи на нејзина афирмација и промоција.

Во 2020 година се регистрирани 1.943 постапки на медијација, од кои 65 проценти или 1.275 завршиле со спогодба. Иако сме меѓу лидерите во регионот по бројот на случаи на медијација, сепак, се уште околу 40 проценти од бизнис секторот не се запознаени со нејзините придобивки.

Ова го порачаа денеска учесниците на годишната конференција „Медијација – за нова култура во решавањето на споровите“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори.

Министерот за правда на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ, посочи дека во демократиите медијацијата е познат метод на надминување на споровите, а нашата цел е да бидеме регионален лидер по спорови решени со медијација.

– Никој не сака да потроши пари и време на решавање на спор, дали е со соседот околу некоја меѓа или некоја друга покрупна работа. Многу е подобро да се седне и со помош на медијатор да се изнајде заедничко решение во рамки на законот и со скратено време и трошоци, изјави Маричиќ.

Медицијата мора да се развива и промовира кај нас, ако сакаме таа да биде успешен и функционален модел како во европските земји.

– Вкупната бројка на медијации од 2007 до 2016 година не можеше да достигне ниту стотина. Но, од 2017 година почнува да се забележува драстична разлика. Во 2020 година медијаторите покажале внес на 1.943 предмети во регистарот за евиденција на постапките на медијација на Министерството за правда. Од нив, 65 проценти или 1.275 завршиле со спогодба. Нашата цел е овој процент дополнително да се зголемува, а Северна Македонија да биде регионален лидер по спорови решени со медијација, изјави Маричиќ.

Во извештајот на ЕК е нотирана потребата од јакнење на свеста за употребата на медициајцијата и да се работи на нејзина промоција, и токму затоа е подготвено ново законско реение кое ќе се најде во собраниска процедура.

– Една од целите на предлог Законот за медиајција е приближување кон практиките на земјите членки на ЕУ, каде во секоја ситуација на разрешување на конфликтини и спорни ситуации, акцентот се става на алтернативното решавање. Во законот се воведува и новина во начинот на полагање на испитот за медијатори пред комисија, што ќе влијае на создавање квалитетен, стручен и обучен кадар, изјави Маричиќ.

Директорка на Институтот за европска политика Симонида Кацарска, посочи дека нивните истражувања за користењето на медијацијата во нашата земја покажуваат дека постои разбирање кај клучните чинители за придобивките од медијацијата, но и дека околу 40 проценти од бизнис заедницата не се запознаени со неа.

– Резултатите се прелиминирани, но постои подготвеност од страна на многу од чинителите, како и упатување од страна на судиите, поголема прифатливост и од адвокатите, поголема свесност кај јавната администрација, која ја нотираме во однос на потенцијалот што го нуди медијацијата. Анкетата ни дава надеж дека сме на добар пат, меѓутоа нотираме некаде 40 проценти од испитаниците во јавната администрација и од бизнис секторот, кои не се запознаени со медицијацијата. Имаме се уште многу простор за подигање на свеста, изјави Кацарска.

Амбасадор на Кралството Холандија во Скопје Дирк Јан Коп, посочи дека медијацијата е ефикасен начин за решавање и надминување на споровите со постигнување на взаемно прифатливо решение за двете страни, што се доживува како вин-вин за двете страни, а кое истовремено е брзо и економично.

– Медијацијата има голема примена во семејните, бизнис и и работните односи. Во Холандија, од 2012 медиајцијата се применува и за малолетничката делквенција. Верувам дека холандското искуство ќе се пренесе и во вашата земја, изајви Јан Коп.

Претседателот на Комората на медијатори на Република Северна Македонија Славе Младеновски, посочи дека медијаторите кај нас покажале дека медијацијата е ефикасна и нејзината примена постојано се зголемува.

– Наша проценка е дека може да се дојде до значително зголемување на бројот на спорови решени со медијација, доколку се направат некои законски измени. Измените на Законот за медијација, доаѓаат кога е констатиран напредок во примената и во следниот период, фоксуот ќе биде на промоција на концепотот во заедницата, изјави Младеновски.

Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска, порача дека акдемијата постојано работи на унапредување на концептот на обуките и ги следи актуелните потреби на нашето правосудство за поефикасно решавање на споровите.

Претседател на Холандска федерација на медијатори Јан ван Цвитен, посочи дека само во последните три месеци работел на седум меѓународни конфернеции, но дека нема место со толку многу ентузијазам, како што е Северна Македонија.

– Кога првпат дојдов во земјата пред неколку години мислев дека ова е почеток на медијацијата, но тоа беше многу наивно од моја страна. Медијацијата има одредена традиција, во Северна Македонија од 2006 година. Во последните четири години имате три илјади успешни медијации. Сакам да ги поттикнам медијаторите од Северна Македонија да излезат од границите. Сега сте една од главните земји во регинот по медијација, и е време да им помогнете на другите, како што и вам ви помогнаа, изјави ван Цвитин.

Медијацијата во нашата држава е воведена во 2006 година, додека актуелниот Закон за медијација е донесен 2013 година, а ефективно се применува во февруари 2016 година. Реформите поврзани со медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите се една од стратешките цели на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година и веќе е во завршна фаза новата законска рамка.

Конференцијата се одржува во рамки на проектот „Медитација, без долема!“, кој е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.