Бројот на милионери во Турција се зголеми за 12.777

62

Бројот на милионери во Турција во првото тромесечје од 2019 година се зголемил за 12.777 и сега изнесува вкупно 192.903, јавува агенцијата Анадолу врз база на пресметките од банкарскиот регулатор на земјата BDDK.
Тие заедно имаат околу 1,2 илјади милијарди лири, или 199 милијарди долари на нивните банкарски сметки, пишува Hurriyet Daily. Во просек милионерите имаат 6,25 милиони лири, или 1,02 милиони долари на нивните депозитни сметки.
Од 1,2 илјади милијарди лири 443, односно 72,3 милијарди долари се чувани на банкарски сметки во лири, додека 662 милијарди лири, 108,1 милијарди долари се странски депозити. Дополнителни 7,2 милијарди лири, или 1,18 милијарди долари се чуваат како скапоцени камења во банките.
Нето добивката на турскиот банкарски сектор изнесувала околу 12,35 милијарди лири (2,2 милијарди долари) во првиот квартал од 2019 година.