Заменик-капитенот на италијанскиот калчо гигант Интер, Марсело Брозовиќ, е најновата желба на раководните лица на шпанскиот прволигаш Реал (М).
Челниците на „кралскиот клуб“ не кријат дека се импресионирани од формата на хрватскиот интернационалец и убедени дека Брозовиќ може да биде идеална замена за неговиот сонародник, Лука Модриќ, кој можеби ги игра последните натпревари на „Сантијаго Бернабеу“.
Неофицијално, Реал (М) е подготвен да одвои околу 50 мил. евра за услугите на одличниот играч за врска.