Брнабиќ за Резулуцијата за Сребреница: Ќе ми биде тешко да соработувам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на резолуцијата

235

Претседателката на српскиот парламент посочи дека ќе и биде исклучително тешко да соработува со земјите кои беа спонзори и коспонзори на резолуцијата, изјави Брнабиќ во утринскиот дневник на РТС.

„Ќе се чувствувам многу поблиска со земјите кои гласаа против или воздржани или ја напуштија просторијата. Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери, Европската унија е во наш интерес, но јас секогаш ќе бидам со земјите кои беа со нас, “ рече претседателката на Собранието на Србија.

Таа им се заблагодари на Унгарија за поддршката и гласањето против, како и на Кипар, Грција и Словачка за воздржувањето, а особено го истакна примерот на Монако, чии претставници ја напуштија салата кога беше објавено соопштението.

„Голема благодарност до Монако. Тоа е и показател за голем интегритет“, изјави Ана Брнабиќ.