Британците не се придржуваат до владините мерки, контролата е неефикасна

10

Генералниот секретар на британската Влада Мајкл Гав денеска изјави дека има очигледни проблеми поради непочитување на задолжителната самоизолација, но ја отфрли можноста Владата да воведе сеопфатни ограничувања низ целата земја во борбата против ширењето на коронавирусот.

Во денешното интервју за Скај Њуз, Гав предупреди дека граѓаните не ги спроведуваат донесените мерки, како и дека има проблем со контролата и надзорот.

Гав исто така констатираше дека постојано се намалува значењето на поддршката која британската Влада ја дава на граѓаните кои треба да одат во самоизолација.