Британецот Пен Фартинг слетал во Лондон со приватен авион, во кој биле сместени околу 200 животни што ги извлекол од Авганистан.
Кралскиот маринец Фартинг собрал пари за приватен лет, а авионот што ги однел животните од Авганистан полетал од Пакистан и слетал во Кабул. Потоа ги натовариле животните, кои потоа биле префрлени во Хитроу во Лондон.
Околу 200 мачки и кучиња сега се во карантин во Лондон.
Пен Фартинг работел за организацијата за заштита на животните „Nowzard“, чиј основач е тој, и го напуштил Кабул како последен британски државјанин кој се наоѓал таму.
Авганистанците кои работеле во неговото здружение морал да ги остави во Кабул.
View this post on Instagram
„Толку ме растажи тоа што морав да ги напуштам. Некои од нив дојдоа со мене до аеродромот, но не им беше дозволено да ја преминат линијата. Имаше многу солзи кога се збогувавме и се чувствувам многу тажно, но мило ми е што барем успеав да ги однесам животните на сигурно, изјавил тој за британските медиуми.
Покрај 94 кучиња и 79 мачки, Фартинг натоварил и 125 килограми сува храна за кучиња, 72 лименки, 270 литри вода, 12 големи ролни марамчиња и 20 шишиња средства за дезинфекција.