Брисел одби да биде домаќин на натпреварот Белгија – Израел

122

Градските власти на Брисел денеска оценија дека е невозможно главниот град на Белгија да биде домаќин на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Израел на 6 септември во рамките на Лигата на нации.

Тие додаваат дека постои висок ризик поради тензиите поврзани со војната во Појасот Газа.

„Одржувањето на ваков натпревар во нашиот главен град во овој особено турбулентен период несомнено ќе предизвика големи демонстрации и контрадемонстрации, кои ќе ја загрозат безбедноста на гледачите, играчите и жителите на Брисел, како и на нашите полициски сили“, соопштија бриселските власти во изјава.

Војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа започна на 7 октомври.